ЕУРО 2020Фудбал

Италијанскиот премиер: Финалето на Европското првенство треба да се игра во Рим, а не во Лондон!

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави денеска дека е против финалето на Европското фудбалско првенство да се игра во Лондон поради зголемениот број на лица заразени со Ковид-19 во Велика Британија и дека ќе биде подобро Рим да биде домаќин на последниот натпревар.

„Ќе се обидам да спречам финалето да се одржи во земја во која бројот на пациенти расте многу брзо“, рече Драги на прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.

Британските медиуми денес известуваат дека финалето на 11 јули треба да се игра пред 60.000 навивачи во Лондон, но тоа сигурно ќе зависи од епидемиолошката состојба.

Се спомнува и можноста финалето да го следат луѓе само од Велика Британија, што значи сите други ќе немаат можност да го следат финалето на „Вембли“.

Во Британија 10.633 лица биле заразени со Ковид-19 во изминатите 24 часа, а петмина починале.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!