Исправна одлуката за пенал за Саса, судиската комисија не е задоволна од менаџирањето на судијата бидејки има пропуштено неколку дисциплински мерки

Дополнување на судиска анализа од 22. коло 2. МФЛ – ИСТОК
– На натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Кит Го (ФК Пехчево) одигран на 09.04.2022 година анализирана е ситуацијата од 50. минута.
Главен судија: Дени Лековски; Помошни судии: Петар Степановски и Николче Дрнковски;
50. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метри). По една центрирана топка од играч на Саса странично од голот на Кит Го топката го удира во рака одбранбениот играч на Кит Го кој се наога во свој шеснаесетник, раката во моментот на удар беше одвоена од тело и со зголемен волумен, преземајќи го целиот ризик. Досудениот пенал е по консултација со првиот помошен судија, кој има одлична позиција да ја донесе правилната одлука. Исправно досуден удар од 11 метри.
Меѓутоа, судиската комисија не е задоволна од менаџирањето на судијата на овој меч, бидејки има пропуштено неколку дисциплински мерки.
ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“