ФудбалФудбал - Четврта Лига
Искусниот Бартон ќе го суди големото дерби меѓу Кораб и Новаци, Ралевски на Сатеска со Лирија

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите во рамките на седмата рунда од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.
Искусниот Јосип Бартон од Скопје ќе го суди големото дерби меѓу ланскиот второлигаш Кораб и лидерот Новаци. Меч од голема важност и за двете екипи кои атакуваат на влез во Втора лига.
Сите натпревари ќе се одиграат в недела, со почеток во 14:00 часот.
- Делегирани судии 7. коло ТМФЛ – Југозапад:
Кораб – Новаци, Јосип Бартон (Скопје)
Влазними – Преспа, Александар Крстевски (Битола)
Сатеска – Лирија, Благојче Ралевски (Битола)
Македонија Враништа – Демир Хисар, Енис Зекмвановски (Ресен)
Кравари – Иднина Боровец, Александар Мартиновски (Охрид)
Јанг Тим (слободна екипа)