Европски ФудбалФудбал

Иско го напушта Реал, италијански гигант заинтересиран за неговите услуги

Шпанскиот играч за врска Иско го напушта Реал Мадрид, а италијанска „Газета“ пишува дека кариерата би можел да ја продолжи во Милано.

Хакан Чалханоглу го напушти Милан, а на „Сан Сиро“ најдоа замена за него во Мадрид. Милан, кој има одлични односи со челниците на Реал, планира да му понуди на клубот од Мадрид позајмица со можност за откуп на договорот на 29-годишниот фудбалер.

Иско не е во плановите на новиот тренер на Реал, Карло Анчелоти, откако тој не успеа да се наметни во претходните две сезони. Уште во јануари, тој сакаше да го напушти Реал, но остана до крајот на сезоната.

Иско за 30 милиони пред осум години дојде од Малага во Реал, а во дресот на „кралскиот клуб“ тој одигра 336 натпревари и постигна 51 гол со 56 асистенции. Тој минатата сезона одигра 29 натпревари за Реал, но не постигна ниту еден гол и повеќето шанси ги доби од клупата.

За Иско интерес има и од Арсенал и Севилја.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!