РакометРакомет - Суперлига

ИНТЕРВЈУ со Стојановиќ: Бевме максимално мотивирани, атакуваме на место за Европски куп

Охридскиот ракометен клуб го оствари најдобриот успех во Суперлигата, победувајќи на сите 12 натпревари, во рамки на групата А. Спортска Мрежа имаше можност да направи интервју со тренерот на охриѓани, Раде Стојановиќ.

Стојановиќ на почетокот од интервјуто даде свој коментар за регуларниот дел од сезоната. Поделеноста во две групи беше предизвик за сите учесници…

„Треба сите да бидеме среќни што сепак во овие услови се играше ракомет, ракометната федерација успеа да најде модел за првенството да функционира и покрај сите пречки и прекини поради вирусот Ковид-19. Самиот модел и поделеноста во две групи беше предизвик за сите учесници- како за нас, така и за новите суперлигаши, после подолг период се играше суперлигашки натпревари низ цела Македонија.“

Охрид одигра одлично и успеа да да го направи најдобриот успех во Суперлигата, завршувајќи на првото место во групата А без ниту еден пораз.

„Да, ние успеавме да завршиме како првопласирани со максимален број на бодови, такви беа околностите и приликата не ја испуштивме, напротив бевме на секој натпревар максимално мотивирани да испишеме историја на Охридскиот ракомет.“

Какви се плановите за плеј-офот, и какви се шансите за борбата за титулата со фаворитите Вардар, Еурофарм Пелистер и Металург ? Вашата цел ќе биде обезбедување „виза“ за излез во Европа ?

„Секако дека тоа не е и не беше нашата конечна цел, сакаме, а и желбата на сите е Охрид во плеј-офот да се најде што повисоко на табелата, и да освоиме место кои ќе биде играње во Европски куп наредната година. Јасно е кои екипи се кандидати за титулите, Вардар, Еурофарм и зависно и другите како ќе ги засилат своите редови, за тој дел од првенството.“

Охрид има одлична екипа, а тоа го потврди со првото место без ниту еден пораз. Дали останува целата екипа или ќе има играчи што ќе го напуштат Охрид ? Дали ќе има засилувања ?

„Ние остануваме со истиот играчки кадар, иако имаме помал ростер на играчи за ротација од минатата сезона, оваа сезона делуваме позрели и покомпактни како екипа. Можни се засилувања, но ќе причекаме, има доволно време до плеј-офот.“

Кога Охрид ги започнува подготовките за плеј-офот ?

„Почнуваме веднаш после Божиќните празници, подготовките ќе зависат сепак од тоа каква ќе биде ситуација со Ковид-19 вирусот, минатата сезона имавме одлични подготовки во Црна Гора. Опцијата ја оставаме отворена, има доволно време за промена.“

За крај Стојановиќ во интервјуто за Спортска Мрежа додаде:

„И да уживаме сите заедно во пролетниот ракометен плеј-оф.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!