ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ИНТЕРВЈУ со Пановски: Разговараме за квалитетни засилувања, за пролетниот дел подобра игра и остварување на целта – пласман во Втора лига!

Спортска Мрежа имаше можност да направи интервју со тренерот на третолигашот Локомотива од Градско за предизвиците на клубот за пролетниот дел од сезоната. Локомотива е есенски шампион во Третата лига – Југ и се наметнува како голем кандидат за Втора лига – Исток. Пановски важи за доста искусен тренер, а тоа го потврди со есенската титула за неговиот тим кој ја има најдобрата одбрана во Третата лига – Југ, и воедно е еден од најефикасните клубови.

Како го коментирате есенскиот дел од сезоната, дали сте задоволни од прикажаното на Вашата екипа во есенскиот дел од сезоната ?

„Најпрво да им честитам на играчите за залагањето кое го дадоа за да го постигнеме овој резултат, исто така благодарност до управата за нивниот придонес во целата организација. Задоволен сум од прикажаното, во прилог на тоа говори и првото место во лигата на полусезона“, вели Пановски.

Локомотива е есенски шампион во ТМФЛ – Југ, дали останува целата екипа, односно дали ќе има играчи што евентуално ќе си заминат ?

„Во моментот нашиот клуб не е контактиран од други клубови со интерес за наши играчи“, додава Пановски.

Дали планирате засилувања и на кои позиции би се засилувале ? Дали имате преговори со некои играчи ?

„Да, квалитетни засилувања ќе има сигурно за пролетниот дел. Моментално разговараме со 5 – 6 играчи кои играат на различни позиции. Доколку дојдат во клубот, ќе бидат големо засилување и играта ќе ја подигнеме на повисоко ниво“, рече Пановски

Кога планирате да ги започнете подготовките за пролетниот дел и кои се очекувањата за тој дел од сезоната ?

„Моментално играчите се на зимска пауза, таму некаде после празниците ќе ги започнеме подготовките. Очекувањата за пролетниот дел од сезоната се дека ќе прикажеме уште подобра игра и дека ќе ја освоиме лигата со што ќе влеземе во Втората лига. Пролетниот дел почнува на крајот на февруари, така што ќе имаме доста време за подготовки и пријателски натпревари. Најверојатно ќе ги започнеме тренинзите во сала, па во зависност од тоа колку ќе дозволат временските услови ќе се префрлиме на отворено кога и ќе ги договориме пријателските натпревари“, завршува Пановски.

Локомотива пролетниот дел од сезоната го стартува на домашен терен против екипата на Младост 1930.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!