Останато

Интервју со Давид Ѓоргоќески, младото момче го има Светскиот рекорд во правење склекови – 2954 склекови за 60 минути! Следна цел 3000 склекови!

Давид Ѓоргоќески има само 17 години и направи голем светски подвиг, со 2954 склекови за 1 час, со што Давид е светски рекордер во правење на склекови. Зад Давид и Македонија е Австралија која има 2919 склекови. Следна цел за Давид е да направи 3000 склекови за 1 час. Рекордот кој Давид го има направено ќе биде и официјализиран, но, неговата цел е да направи 3000 слекови за 1 час и да биде првиот во светот кој стигнал до оваа фамозна бројка.

Спортска Мрежа направи интервју со Давид, каде разгоравме за сите негови предизвици, за љубовта кон спорот, за мотивацијата, за неговите спортски успеси и за неговите спортски планови.

Кој е Давид Ѓоргоќески ?

Давид Ѓоргоќески 17 годинишно момче од Ѓорче Петров кое учи во СУГС Гимназија Никола Карев во Скопје.

Кои се твоите омилени спортови ? Што имаш тренирано ?

Мојот омилен спорт е боксот, од својата шеста година тренирав карате,потоа започнав кошарка во која бев солиден, се пронајдов во фудбалот но на крај завршив со боксот.

Од колку години започна со бокс и од каде љубовта конкретно за тој спорт ? Дали имаш идол од овој спорт ? Кои се твоите успеси во боксот ?

Со боксот започнав кога имав 14 години. За тоа најзаслужен е мојот татко кој од секогаш ме уверуваше дека сум роден за боречки вештини, за да нешто подоцна и самиот се уверзам во тоа. Ме импресионираат повеќе боксери како што се Мухамед Али, Мајк Тајсон, Саул Канело Алварез но идол мие Флојд Мејведер. Досега не сум се испробал во ринг, постоеа обиди да се испробам, но поради моменталната состојба со корона вирусот првенствата се одложуваат.

Вие сте балкански рекордер во правење склекови. Од каде ваков предизвик за правење склекови ?

Од секогаш сум сакал предизвици кога е во прашање спортот. Почнав секојдневно да правам склекови и згибови. На социјалните мрежи постои познат предизвик во кој се прават 1000 склека во 1 час. Пробав го направив. Потоа двајца познати кој се бават со ваков начин на вежбање објавија видео кај што прават 2000 склека за 1 час. Пробав и тоа го направив. Од тој ден постојано накачував и стигнав до 2604 склека. Светскиот рекорд кој изнесува 2919 склека, неофицијално го надминав бидејќи на последниот тренинг успеав да направам 2954 склека.

Твојата цел е да направиш нов светски рекорд. Како се подготвуваш и како изгледаат твоите тренинзи за да се постигне таков успех ? Кој те подготвува, дали имаш посебни тренери за тоа ? Покрај тренинзите, што друго е потребно за твојата форма ? Дали внимаваш на исхраната ?

Се кријат цели 4 години напорна работа и постојано вежбање. Вежбам по 2 пати на ден секој тренинг ми трае по 2 часа и константно кондицијата се зголемува. Немам тренер за оваа дисциплина но тоа што ме прави успешен е мојата иницијатива и желба за подобри тренинзи. Покрај тренинзите битна е и мотивацијата која после секој успешен тренинг се зголемува. Исхрана ми е 90% испланирана што значо дека внимавам што јадам.

Која е твојата мотивација ?

Мојата мотивација е самиот врв што нема да можам никогаш да го достигнам бидејки секогаш се стремам кон нови предизвици.

Дали Давид често оди во теретана и какви вежби правиш ?

Давид ретко оди во теретана и најчесто ги правам вежбите за сила како што бенч, деадлифт, чучњеви и траката на која трчам кога е ладно.

Кои се твоите спортски успеси ? Каква беше 2020 година на спортски план, кои се твоите спортски планови за 2021 ?

Во 2020 станав балкански рекордер во правење склекови. 2021 е година во која се надевам дека ке го освојам државното првенство во бокс, 3000 склека за 1 час и 1140 згиба за 1 час исто.

Што би сакал да студираш, како и каде се гледаш во иднина ?

За 10 години а се надевам и порано себеси се гледам какоприпадник на Специјалната единица Тигри, сакам да завршам факултет за безбедност, но за да се оствари сето ова прво морам да го завршам средното образование и секако да продолжам напорно да тренирам.

Соседна Србија во правење склекови има рекорд од 2370 склека за 60 минути.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!