Интервју со Бразилката Роналдиња: Прекарот ми е од детство, фудбалот единствено ме радуваше, голема чест ми е што ќе играм во Македонија!

Спортска Мрежа имаше можност да направи интервју со првата Бразилка која ќе игра фудбал во Македонија, Ана Беатриз Тарантино позната и како Роналдиња која е големо засилување за ЖФК Љуботен од Тетово. 22-годишната Бразилка која ќе игра во нападот на тетовскиот клуб за Спортска Мрежа раскажува за своето детство, за почетоците со фудбалот, трансферот во Љуботен…
„Го избрав фудбалот затоа што во тоа време тоа беше единственото нешто што ме радуваше, кога ја изгубив мајка ми на 10 години се приврзав кон фудбалот и сакав да живеам со него. Кариерата ја започна на 12 година и бев дел од екипата на Васко да Гама, па заиграв за Крисиума, Виториja, потоа следуваше трансферот во Европа и бев дел од екипата на Вордерланд од Австрија“, вели бразилка Ана Беатриз Тарантино и додава:
„Мојот агент ми помогна за трансферот во Македонија. Тој дојде со понуда за клубот Љуботен, разговаравме, постигнавме договор и во јануари доаѓам во Македонија“, вели Ана Беатриз.

Вие сте позната и како Роналдиња, кога и како го добивте овој прекар ?
„Прекарот го добив во моето детство, бидејќи кога играв фудбал со момчињата на фудбалскиот терен во близина на мојата куќа, секогаш носев трака на главата што беше многу слично со Роналдињо и тие ми го избраа тој прекар. Уште од мала играв одлично, бев брза и одлична во дриблинзите. Прекрарот е супер и не ми пречи истиот да го носам“, ни изјави младата Бразилка.
Дали знаевте дека вие сте првата Бразилка која ќе заигра фудбал во Македонија ?
„Искрено не знаев дека јас сум првата бразилка што ќе игра во Македонија. За мене тоа е голема чест, се надевам ќе им донесам радост на мојот клубот и на сите навивачи“, додава Ана Беатриз Тарантино.
Што знаете за македонскиот фудбал ?
„Видов неколку видеа на Јутјуб, не знам многу за македонскиот фудбал. Имам слушнато за Наташа Андонова“, кратко изјави Роналдиња.
Ана Беатриз Тарантино има резервирано лет за 19 јануари и треба да пристигне во Македонија на 21 јануари. Како што вчера есклузивно објави Спортска Мрежа во ЖФК Љуботен ќе пристигне уште една бразилска репрезентативна, која заедно со Роналдиња ќе летне од Бразил за Македонија.
оментари