Европски ФудбалФудбал

Интер останува без напаѓач: Аргентинецот одби да го продолжи договорот

Менаџерот на Лаутаро Мартинез потврди дека неговиот играч ја одбил последната понуда на Интер и скоро сигурно ќе го напушти италијанскиот шампион.

Во важечкиот договор меѓу Мартинез и Интер има отказна клаузула од дури 111 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми, но неодамна беше објавено дека „нераѕурите“ ќе го ослободат за 90 милиони.

Аргентинецот беше близу да се пресели во Барселона минатото лето, но немаше ништо од тоа, од неодамна тој се поврзува со Атлетико, но нема да има ништо ниту од тоа, бидејќи Диего Симеоне процени дека Лаутаро е прескап.

„Барса е еден од најголемите клубови во светот, би било тешко да се одбие, но прво мора да се фокусираме на ситуацијата во Интер. Поточно, никој од Барса не ни се јави“, изјави менаџерот на Мартинез, Алехандро Камано.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!