Европски ФудбалФудбал

Интер не се откажува од Ериксен – „Те чекаме на подготовките на 8 јули!“

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен ја напушти болницата и во моментов со семејството одмара во Одензе.

Ериксен вчера зборуваше директно со раководството на Интер, првпат по она што се случи.

Му било кажано дека го очекуваат на подготовки на 8 јули и дека соиграчите го поканиле да биде со нив.

Ова е секако трогателен момент и доказ за почит.

Ериксен дефинитивно ќе дојде во Италија на контрола, а после тоа ќе се знае како заздравувањето ќе оди понатаму. Ова е чиста симболика на Интер бидејќи тој сигурно нема да биде подготвен да игра за клубот од Милано во следните шест месеци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!