Европски ФудбалФудбал

Интер му плаќа на Артур Видал само за да го напушти клубот

Нето-платата од 7.000.000 евра е премногу за италијанскиот шампион.

Ѕвездата Артур Видал полека се спушта на хоризонтот. Тој беше сакан во Јувентус, потоа Баерн, послабо веќе во Барселона, а сега чека во Интер да му понудат пари, само за да си замине.

Незгодниот Чилеанец повеќе не игра како порано, тој не е незаменлив во првиот тим, а неговата плата е огромен камен околу вратот на „нероаѕурите“. Како што пишува „Кориере дело Спорт“, Интер на Видал му исплаќа 7.000.000 евра нето годишно и сега тој би сакал да се ослободи од тој багаж.

Весникот пишува дека клубот му рекол на Артур да не смета повеќе на него и дека може да оди како слободен агент. Имајќи предвид дека искусниот играч за врска има договор на уште една година, раководството на италијанскиот шампион е подготвено да плати дел од договорот на Чилеанецот и дека тој е задоволен и може да избере нова средина во која ќе ја продолжи кариерата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!