Европски ФудбалФудбал

Интер ја засилува одбраната со играч од Арсенал !?

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота го потврди интересот на клубот за дефанзивецот на Арсенал, Хектор Белерин.

Шпанецот дојде во Арсенал од Барселона во 2011 година, а две години подоцна беше префрлен во првиот тим.

„Белерин е играч што го следиме. Но, не можам да кажам повеќе од тоа. Алекс Телес ? Не можам да ја исклучам ниту таа опција. Правиме планови за летниот пазар и ќе видиме што ќе се случи понатаму“, рече Марота и продолжи:

„По продажбата на Хакими, планираме да ги задржиме сите наши најдобри играчи.“

26-годишниот Белерин минатата сезона одигра 35 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања. Постигна гол и запиша четири асистенции.

Се проценува дека неговата пазарна вредност е до 20 милиони евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!