Европски ФудбалФудбал

Интер бара замена за Ериксен, три ГОЛЕМИ имиња на мета на италијанскиот шампион!

Дури и ако целосно се опорави, Кристијан Ериксен можеби нема да добие дозвола да продолжи со кариерата во Италија. Италијанските медиуми пишуваат дека Данецот веројатно нема да може да продолжи да игра за Интер поради здравствените и безбедносните прописи во Италија.

Откако беше утврдено дека капитенот на Данска доживеал срцев удар за време на мечот со Финска, тој беше опериран и му беше вграден дефибрилатор. Овој уред е наменет да спречи идни проблеми со срцето, но тие се забранети за играчите во италијанскиот фудбал поради прекумерниот ризик по животот на фудбалерите.

Постојат некои случаи кога играчите користат слични уреди во други лиги, како што е дефанзивецот на Ајакс и Холандија, Дејли Блинд, но италијанските регулативи не дозволуваат вакви можности.

Ериксен го чекаат прегледи за три или четири недели за да утврди дали уредот ќе остане постојан или ќе се отстрани. Но, со оглед на шокантните сцени од натпреварот помеѓу Данска и Финска, продолжувањето на кариерата на Ериксен е под големо прашање.

Интер веднаш започна да бара замена, а тројца играчи беа обележани како главни приоритети. „Калчомеркато“ пишува дека Интер загризал за враќање на Матео Ковачиќ, кој го носеше дресот на клубот од Милано од 2013 до 2015 година.

Исто така, тие се заинтересирани за Холанѓанецот Дони ван де Бик од Јунајтед, но во преден план е играчот на градскиот ривал Милан, Хакан Чалханоглу, кој може да дојде бесплатно.

Договорот на турскиот напаѓач истекува во јуни, но истиот извор пишува дека тој и Милан се далеку од договор и дека Интер ја чека својата шанса.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!