ИН МЕМОРИАМ: Почина младиот фудбалер на третолигашот Слога 1976 од Лажани – Бајро Потурак

Македонската спортска и фудбалска јавност со тага ја прими веста за смртта на 18-годишниот фудбалер на третолигашот СЛога 1976 од Лажани – Бајро Потурак.
Фудбалерот на Слога 1976 пред неколку дена управувајќи патничко моторно возило излетал од патот со што се здобил со тешки телесни повреди кои биле констатирани во Градската болница во Прилеп.
По неколку денови поминати во болничко лекување, за жал, младиот надежен фудбалер не успеа да го добие животниот натпревар.
Слога 1976 на претходните натпревари играше за Потурак и триумфот над Обршани го посветија на младиот фудбалер, кој за жал вчера го загуби загуби најважниот натпревар. Спортска Мрежа изразува длабоко сочувство до семејството.
Натпреварот меѓу Марена и Слога 1976 од 8. коло на Третата фудбалска лига – Југ ќе биде одигран во нов термин.
Еден Коментар