ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Илиоски патува во Гевгелија, Тефику ќе го суди дербито меѓу Саса и Победа

В сабота се играат натпреварите од 12. коло на Втората фудбалска лига – Исток. Влатко Илиоски ќе патува во Гевгелија каде ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Кожуф и Детонит, додека пак Ндерим Тефику го доби дербито во Македонска Каменица меѓу Саса и Победа.
Делегирани судии 12. коло ВМФЛ – Исток:
Братство – Осогово, Христијан Божиновски (Скопје)
Слога Виница – Локомотива, Дени Лековски (Битола)
Каменица Саса – Победа, Ндерим Тефику (Куманово)
Кожуф – Детонит, Влатко Илиоски (Прилеп)
Кит Го – Беласица, Никола Иванов (Велес)