ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Илиоски на центарот во Виница, Бафто ќе им суди на Тетекс и Арсими, Лазов патува во Гостивар

В сабота се игра последното есенско коло од Втората македонска фудбалска лига, со што ќе биде заокружена есенската полусезона. Со почеток од 13 часот ќе бидат одиграни натпреварите од 15. коло од Втора лига.

Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум натпревари, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност во ЖИВО да го следат дуелот меѓу Слога и Детонит Плачковица, кој се игра на Градскиот стадион „Филип Втори“ во Виница, а каде главен судија ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп.

Штипскиот судија Димитар Пилешков ќе им суди на Беласица и Охрид во Струмица, додека пак Фатмир Бафто го доби локалното соочување на Тетекс и Арсими.

  • ЦЕЛОСНО ДЕЛЕГИРАЊЕ 15. КОЛО ВМФЛ:

Каменица Саса – Пелистер, Дејан Младеновски (Скопје)
Беса – Локомотива Пехчево, Дени Лековски (Битола)
Гостивар – Караорман, Миле Лазов (Неготино)
Воска – Борец, Бењамин Ќерими (Скопје)
Слога Виница – Детонит Плачковица, Влатко Илиоски (Прилеп)
Беласица – Охрид, Димитар Пилешков (Штип)
Тетекс – Арсими, Фатмир Бафто (Охрид)
Вардар – Кожуф, Пларент Салихи (Тетово)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!