Илиоски ќе го суди дербито во Неготино: Вардар со триумф над конкурентот Превалец патува во баражот за Втора лига!

В недела се играат натпреварите од 21. коло од Третата фудбалска лига – Југ, а фокусот ќе биде насочен кон големата дерби пресметка во Неготино.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
На „Цвај арената“ во Неготино ќе се соочат конкурентите за баражот за Втора лига, непоразениот лидер Вардар Неготино ќе биде домаќин на второпласираниот Превалец. Неготинци во врвно расположение, во мислите е само триумф над Превалец и патување во баражот за конечно враќање на Вардар во второлигашкото друштво. Евентуален триумф за Превалец ќе значи и останување во игра за врвот од табелата, во секој друг случај ќе значи дека Вардар е сигурен на врвот.
Дерби спектаклот во Неготино го доби искусниот судија Влатко Илиоски кој ќе ја дели правдата во одлучувачкиот меч за нов шампион на Трета лига – Југ.
Интересно дерби ќе се одигра помеѓу Големо Коњари и Ново Црнилиште, а дерби ќе има и меѓу Бучин и Росоман. „Фенерџијата“ Возарци ДМД ќе биде домаќин на Младост 1930, Динамо дома ќе се соочи со Обршани, а пак Слога 1976 на домашниот терен во Лажани ќе го пречека составот на Марена.
Revolution Development генерален поддржувач на Спортска Мрежа
- Делегирани судии за 21. коло од Трета лига – Југ:
Големо Коњари – Ново Црнилиште, Кирил Смоквоски (Прилеп)
Возарци ДМД – Младост 1930, Драган Стевановски (Велес)
Динамо – Обршани, Дарко Макалоски (Прилеп)
Слога 1976 – Марена, Душко Стојсавлевиќ (Прилеп)
Бучин – Росоман, Миле Лазов (Неготино)
Вардар Неготино – Превалец, Влатко Илиоски (Прилеп)