ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Илинден со голема победа над Риниа, Фортуна го доби дербито со Њу Старс

Денес се одиграа останатите седум натпревари од 11. коло од Третата лига – Север.

Риниа на домашен терен загуби од Илинден со минимални 0:1. Стрелец на единствениот гол во големата победа за гостите беше Беќири во 75. минута.

Беса Влазрими на гостување кај ССК Нова дојде до нова и убедлива победа од 0:3. Стрелец на првиот гол за лидерот во Трета лига – Север беше Ајдини во 22. минута. Пред крајот на првиот дел Фетаи постигна гол за 0:2 на полувреме. Во второто полувреме немаше промени, Беса Влазрими продолжи со одличната игра и постигна нов гол за конечни 0:3, а стрелец беше Исмаили.

Петровец запиша голема победа во дербито со Маџари Солидарност кое заврши со 2:1. Резултатот беше отворен во 4. минута со автогол гостите. Маџари Солидарност веднаш започна со притисок за брзо израмнување кое се случи во 37. минута, а стрелец беше Миновски. Во вториот дел Петровец влезе силно мотивиран и во 62. минута преку младиот Калач дојде до ново водство од 2:1. До крајот на натпреварот мрежите мируваа и на двете страни.

Аеродром со минимални 1:0 го доби „федерџијата“ Речица. Стрелец на единствениот гол беше Атанасовски во 29. минута.

Раштак со убедливи 4:1 славеше над Волково. Резултатот беше отворен рано, во 4. минута со гол на Стојановски. Пред крајот на првиот дел Стојановски со втор гол зголеми на 2:0. Во вториот дел немаше промени, Раштак продолжи со убедливата игра и веќе во 60. минута со гол на младиот Атанасков зголеми на 3:0. Во 88. минута Волково со гол на Мамути намали на 3:1, а конечните 4:1 ги постави Сурлов.

Фортуна го доби дуелот со Њу Старс со минимални 1:0. Стрелец на погодокот кој падна во 80. минута беше младиот Шаип Екран.

Локомотива Бентоекспорт не се појави на теренот, со што Студена Вода натпреварот го доби со службени 3:0 и лесни три бода.

Вчера Башкими одигра 2:2 на дуелот со Њу Јорк.

Целата табела од Третата лига – Север можете да ја погледнете ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!