ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Илинден со голема победа над Петровец, лидерот Фортуна ја доби Риниа, Беса Влазрими подобра од Маџари Солидарност

Денес беше комплетирано 19. коло од Третата лига – Север со шесте натпревари.

Петровец 2:3 Илинден

Екипата на Петровец на домашен терен загуби со 2:3 од Илинден кој продолжува со одличната серија резултати. Гостинската екипа во 10. минута дојде до водство со гол на Петровски Влатко. Во вториот дел Петровец успеа да израмни во 61. минута со гол на Петрушевски Љупчо. По седум минути Илинден дојде повторно до водство со гол на Благојевски Марио. Во 80. минута Благојевски со втор гол зголеми на 1:3. По две минути игра Петровец преку Божинов Александар ги постави конечните 2:3.

Студена Вода 5:0 Раштак

Студена Вода на домашниот терен во Доброшани со високи 5:0 го збриша Раштак. Тодоровски Дарко со два гола во 9. и 32. минута донесе водство од 2:0 за домашната екипа на полувреме. Во 65. и 77. минута Златковски Кристијан донесе водство од 4:0 за Студена Вода, а конечните 5:0 ги постави Анѓеловиќ Марко во 88. минута.

Башкими 1:3 Фортуна

Лидерот Фортуна на гостински терен го доби Башкими со 1:3. Лидерот во 11. минута од натпреварот стигна до водство од 0:1 со гол на Мехмеди Мехмед. Во финишот на првиот дел беа постигнати два гола за водство на Фортуна од 0:3. Во 41. минута стрелаше Фета Бехар, а во 45. погоди Шаип Еркан. Во 56. минута Јахији Џемиљ ги постави конечните 1:3.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Риниа 0:2 Њу Старс

Риниа на домашен терен загуби до Њу Старс со 0:2. Двоен стрелец на натпреварот беше Ристовски Давид кој првиот гол го постигна во 10. минута, а вториот три минути подоцна.

Башкими Љуботен 4:3 Волково

Башкими Љуботен во самиот финиш го доби Волково со 4:3 и одвај ја оправда фаворитската улога. Волково иако загуби сепак одигра одличен натпревар. Резултатот беше отворен во 43. минута со гол на Мамути Ердуан за водство за гостинската екипа, но радоста траеше само една минута откако Авдуали Бејтула постигна гол за 1:1 на полувреме. По пет минути игра во вториот дел Брњарчески Тони донесе ново водство за Волково. Во 77. минута Авдулаи со втор гол израмни на 2:2. По две минути игра Марковиќ Христијан донесе трето водство за Волково од 2:3. Во 82. минута беше досуден пенал за Башкими Љуботен, одговорноста ја презеде Бакиевски Гезим кој успешно реализираше за 3:3. Во 89. минута од натпреварот Самакова Енес ги постави конечните 4:3 и голема победа за домашната екипа. Претставник на домашната екипа е исклучен поради удар кон главниот судија.

Беса Влазрими 2:0 Маџари Солидарност

Беса Влазрими на домашен терен во Слупчане со 2:0 го доби Маџари Солидарност. Првиот гол на натпреварот падна дури во 87. минута, стрелец на погодокот за 1:0 беше Алили Иљбер. По само две минути Демири Бехар ги постави конечните 2:0.

ССК Нова 1:0 Аеродром (ВИДИ ИЗВЕШТАЈ)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!