ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Илинден му го зеде „скалпот“ на Маџари Солидарност, Фортуна пресилна за Риниа

Денес се одиграа натпреварите од вонредното 18. коло од Третата лига – Север.

Фортуна 5:2 Риниа

Лидерот Фортуна рутински ја надигра Риниа и стигна до 15-тиот сезонски триумф. Домашната екипа уште во 2. минута од натпреварот стигна до водство од 1:0 со гол на Шакири Берат. По десет минути игра Фета Бехар донесе двојна предност за Фортуна. Османовски Ергин во 32. минута од натпреварот донесе водство од 3:0. Лидерот продолжи со доминацијата на теренот, па во 41. минута со гол на Шаип Еркан водството се зголеми на 4:0. Во 43. минутиа Риниа собра сили и постигна гол за 4:1 на полувреме, а стрелец беше Даути Орхан. Во вториот дел паднаа уште два погодоци. Риниа во 65. минута преку нововлезениот Арифи Елмедин намали на 4:2, а во 72. минута Јахији Џемиљ ги постави конечните 5:2.

Илинден 3:2 Маџари Солидарност

Илинден на домашен терен одигра фантастичен натпревар и со 3:2 го „тресна“ залетаниот фаворит Маџари Солидарност. Херојската победа за домашната екипа добива на тежина бидејќи бркаше негатива во текот на целиот натпревар за на крај трите бодови да останат дома. Гостите први стигнаа до водство со гол на Додевски Дарко уште во 6. минута од натпреварот. По само шест минути игра Угреновиќ капитулираше по втор пат, а Миновски Никола го дуплираше водството на Маџари. Брзите два гола како да го разбудија Илинден па заигра нешто подобро. Во 36. минута Анѓеловски Христијан ја погоди противничката мрежа за 1:2. По шест минути игра Трајановски Стефан постигна гол за 2:2 на полувреме. Во вториот дел домашнатат екипа тргна силно мотивирана по трите бодови. Во 77. минута отпорот на гостите конечно беше скршен, Илинден дојде до водство на натпреварот со гол на Поповски Дејан за 3:2. До крајот на натпреварот Маџари јалово се обидуваше да израмни, па на крај дома си замина со празни раце.

Њу Старс 1:1 Њу Јорк

Дербито во Ѓорче Петров меѓу Њу Старс и Њу Јорк заврши без победник со по еден гол во мрежата, 1:1. Домаќинот дојде прв до водство со гол на Попоски Димитриј во 27. минута. Во вториот дел гостинската екипа трна нешто подобро, па тоа се рефлектираше со брз гол за 1:1 во 55. минута, а стрелец на погодокот беше Авдулаи Бејтула. До крајот на натпреварот и двете екипи играа претпазливо, со неколку шанси и на двете страни, но мрежите останаа мирни.

Аеродром 1:3 Студена Вода

Екипата на Аеродром повторно ги разочара своите навивачи откако на домашен терен претрпе тежок пораз од Студена Вода со 1:3. Аеродромци минатото коло беа поразени од Башкими со идентичен резултатот, па на денешниот натпревар одиграа повторно слабо и го запишаа десетиот сезонски пораз, па тоа ги спушти под десетото место на табелата. Гостите први стигнаа до водство во 33. минута со гол на Златковски Кристијан, а две минути подоцна Тодоровски Дарко погоди за двојна предност на Студена Вода. По три минути игра Пановски Ангел намали на 1:2. Во вториот дел од натпреварот Јосифовски Стефан ги постави конечните 1:3 во 88. минута од натпреварот за 11-та сезонска радост.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Раштак 6:1 Башкими

Раштак го одигра можеби најдобриот натпревар во сезоната, откако на домашен терен со високи 6:1 го декласираше Башкими. Во првиот дел двете екипи се надигруваа. Во 33. минута домаќинот стигна прв до водство со гол на Калчев Мартин. Девет минути подоцна Хасна Баљали донесе израмнува на полувреме од 1:1. Во вториот дел од натпреварот Раштак покажа голема моќ, а Башкими капитулираше. Во 53. минута Блажевски Давид погоди за ново водство на Раштак од 2:1. Во 65. минута Караиванов Александар погоди за 3:1, а по десет минути Караиванов со нов гол зголеми на 4:1. По осум минути игра Блажевски Давид постигна гол за 5:1, а конечните 6:1 ги постави Блажевски Мартин во 87. минута.

Речица 0:1 Беса Влазрими

Фаворитот Беса Влазрими потешко од очекуваното го совлада „фенерџијата“ Речица на гостински терен со минимални 0:1. Домашната екипа која е единствена без победа цела сезона одигра солиден натпревар и одлично парираше на големиот фаворит. Речица пружи голем отпор и одлично се бранеше, па чекаше на контра напад или евентуална сигурна шанса за да ја стресе противничката мрежа. Отпорот на домаќините беше скршен во 80. минута кога Османи Егзон постигна гол за конечни 0:1.

Петровец 4:1 ССК Нова

Петровец после големиот пораз од минатото коло брзо се врати на победи, па денес со 4:1 го збриша составот на ССК Нова. Резултатот беше отворен во 27. минута со гол на Лекиќ Ерсин во 27. минута. На стартот од вториот дел на натпреварот Атанасов Никола израмни на 1:1, но само три минути подоцна Божинов Александар повторно го донесе Петровец во водство од 2:1. Во 60. минута Божинов со втор гол зголеми на 3:1, а конечните 4:1 ги постави Лазев Мартин.

Фортуна со 45 бодови е на врвот од табелата, додека само еден бод помалку има второпласираната Беса Влазрими.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!