ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Илинден домаќин на Беса Влазрими, Раштак на ССК Нова, Аеродром против Петровец

Утре со натпреварот меѓу Волково и Риниа ќе биде отворено 20. коло од Третата лига – Север. Останатите шест натпревари ќе бидат одиграни во недела.

Илинден на домашен терен го очекува тежок натпревар со фаворитот Беса Влазрими, „фенерџијата“ Речица на домашен терен силите ќе ги одмери со Башкими Љуботен кој доаѓа како фаворит по трите бодови.

Њу Старс ќе биде домаќин на Башкими, а дерби ќе биде одиграно меѓу лидерот Фортуна и Студена Вода. Раштак како домаќин силите ќе ги одмери со ССК Нова, а неизвесен и интересен дуел ќе има меѓу Аеродром и Петровец.

Сите натпревари ќе започнат во 16:00 часот, освено натпреварот во Раштак кој ќе започне во 11:00 часот.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!