ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Илиевски: Ќе биде неизвесно против Ренова, една грешка може да одлучи

Работнички утре (16 часот) гостува во Тетово и ќе ги одмери силите со Ренова во петтото коло од Првата фудбалска лига. По четири одиграни натпревари и двата тима освоија по седум бода, а дефанзивецот Бојан Илиевски очекува тежок и неизвесен натпревар.

„Ренова е квалитетен тим кој дополнително се засили во преодниот рок и добро ја започна новата сезона. Играат цврсто, посебно на домашен терен и не дозволуваат често да се тресе нивната мрежа. Очекувам тежок и неизвесен натпревар утре во Тетово во кој една грешка или еден добар потег би можеле да бидат решавачки за резултатот. Што се однесува до нас, Работнички е подготвен за надигрување, веруваме дека ќе одиграме на потребното ниво и дека ќе ги исполниме задачите што ќе ги постави шефот на  стручниот штаб Александар Влахо. Ако го сториме тоа, верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат“, вели Бојан Илиевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!