ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Илиев: Честитки до играчите, Вардар Неготино започнува со „операција бараж“ за Втора лига, која ќе биде на исто рамниште со ПМФЛ!

Вардар Неготино на едно коло пред крајот од сезоната и официјално е нов шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ. Неготинци в среда ќе го одиграат последниот натпревар на домашен терен против „фенеријата“ Возарци ДМД и ќе го подигнат шампионскиот пехарот.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Спортска Мрежа разговараше со спортскиот директор на клубот, Бојан Илиев за постигнатите резултати, за сезоната, за баражот кој следува, предизвиците во Втората лига која ќе биде единствена, како и за подготовките за баражот и финансискиот дел на клубот.

„Најпрво да ми им честитам на дечките за постигнатиот резултат, имаа фантастична сезона, за 3 месеци се изиграа 25 кола и сигурно и на нив му беше напорно и тешко, но на крајот станаа шампиони во Трета лига – Југ. Сигурно има и сегменти кај што не бевме задоволни како што беше поразот во Крушево, но добро е што тој пораз беше во текот на сезоната а не беше во баражот. Сите екипи кои што станаа шампиони ги респектираме по постигнатиот нивен резултат како први на табелата. Во неколку наврати ги следевме и во живо нашите идни противници и на секој противник гледаме со респект без потценување“, ни изјави Илиев.

Трета лига – Југ започна кон крајот на месец февруари и почетокот на март, во густ распоред заклучно со среда ќе бидат одигра 26 кола, во однос на Југозапад и Запад кои стартуваа во октомври и растеретено ја одиграа сезоната, додека пак во Исток се одиграа само 10 кола од март до крајот на мај.

„Густиот распоред и тоа како може да ни биде во предност бидејќи екипата е во посакуваната форма и во натпреварувачки континуитет, а за тие региони што имаа помалку кола за играње едниствена предност може да му биде што ќе имаат повеќе време за одмор за престојните бараж натпревари“, вели спортскиот директор на шампионот од Неготино.

Разговорот го овозможи Revolution Development

Втора лига од следната сезона ќе биде единствена со звучни екипи кои ќе бркаат пласман во Прва лига. Сигурно е дека следната второлигашка сезона ќе биде далеку поскапа во однос на претходните сезони, но ќе биде исто така и далеку поконкурентна како за пласман во ПМФЛ, така и за опстанок во второлигашкото друштво.

Вардар Неготино застана на здрави нозе, долговите се исплатени, а како што вели Илиев за Спортска Мрежа буџетот ќе биде за шест пати повисок од досегашниот, а дополнително се разговара и со стопантственици кои што се заинтересирани за да вложат сретства во клубот.

„Па може да се каже дека оваа сезона 22/23 во единствената Втора лига ќе биде скоро на исто рамниште со нашата Прва лига. Екипи како Вардар, Пелистер, Борец, Беласица, Воска, Гостивар, Кожув и останатите и те како ќе биде тешко да се обезбеди висок пласман но и секако опстанок во лигата. Во делот на финансиите можам да кажам дека клубот конечно е на здрави нозе за разлика каков што беше во јануари кога го презедовме во огромни долгови. Исплатени се сите плати и премии до сега на играчите, а претходните долгови на клубот се сведоа на минимум. Да не се лажеме и мора да бидеме искрени дека овогодишната Втора лига ќе кошта многу финансии. Ние како управа направивме финансиска контрукција за тоа колку би не коштало целата сезона, каде што ќе биде исто така презентирана пред советот на Општина Неготино но и пред бизнис секторот во нашиот град. Исто така да упатам и јавна благодарност до градоначалникот Д-р Горан Стојанов и до 15-те советници во советот за максималната поддршка што ни ја дадоа во изминатиов период но и за периодот што доаѓа. Да, секако ќе има зголемување на буџетот и тоа 6 пати дупло, се разговара исто така со тројца крупни стопанственици што се сериозно заинтересирани да вложат во ФК Вардар Неготино“, раскажува спортскиот директор Илиев.

Вардар Неготино во среда го игра последниот натпревар против последнопласираниот Возарци ДМД, а на Градскиот стадион во Неготино ќе биде доделен и шампионскиот пехар, по што неготинци ќе се насочат кон подоготвка за бараж натпреварот, а в понеделник ќе го дознаат противникот.

„Да, во среда во Неготино ќе го имаме последниот натпревар пред баражот со екипата на Возарци ДМД. Ќе имаме гости од ОФС Прилеп каде што ќе биде доделен и пехарот на шампионите. Планирано е една заедничка дружба со фудбалерите за постигнатиот успех, но нема време за еуфорија. Во понеделник ќе ја чекаме ждрепката, а од четврток веќе почнуваме со операција БАРАЖ, се со цел исполнување на целта а тоа е Втора лига“, вели Илиев за Спортска Мрежа.

Вардар Неготино има скор од 20 победи, две ремија и само еден пораз. Неготинци постигнаа 97 погодоци, а примија само 20, со 5 бодови повеќе од конкурентот Превалец кој е втор на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!