ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Илиден со голема победа над Беса Влазрими, лидерот Фортуна убедлив против Студена Вода

Илинден на домашен терен со 3:2 славеше голема победа над фаворитот Беса Влазрими во меч од 20. коло од Третата лига – Север. Домаќинот стигна прв до водство во 40. минута со гол на Благојевски Марио. Во вториот дел Мирчевски Александар во 62. минута донесе двојна предност за Илинден, а по две минути игра нововлезениот Стојановски Коле ја стресе мрежата на Весељи за убедиливи 3:0. Беса Влазрими брзо се врати, откако во 69. и 71. минута Фетаи Мерван беше двоен стрелец за 3:2. До крајот на натпреварот Илинден мудро го чуваше резултатот и сосема заслужено стигна до голем триумф над фаворитот.

Лидерот Фортуна на домашен терен со 3:0 го доби дуелот со Студена Вода. Домаќинот во 19. минута дојде до водство од 1:0 со гол на Фета Бехар. Во вториот дел за 5 минути Шаип Еркан постигна два погодоци, првиот во 61. додека вториот во 66. минута за конечните 3:0.

Њу Старс со 2:0 беше подобар од Башкими на домашен терен. До победата домаќинот стигна со двата погодоци на Малов Ѓорѓи во вториот дел, откако во 55. минута стрелаше за 1:0, а во 86. минута за конечните 2:0.

Петровец на гостувањето кај Аеродром забележа минимална победа од 0:1. Стрелец на единствениот победнички погодок беше Божинов Александар постигнат во 50. минута од натпреварот одигран во Ново Лисиче.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Натпреварот меѓу Раштак и ССК Нова не се одигра бидејќи немало услови за игра поради густата магла. Истото е констатирано после еден час по официјалниот закажан термин од страна на главниот судија и двата капитена дека од средина на теренот нема видливост кон двата гола со што е одличен да не се одигра натпреварот.

„Фенерџијта“ Речица на домашен терен доживеат голем дебакл од Башкими Љуботен кој со 2:5 беше далеку подобар противник. Првиот гол на натпреварот беше постигнат во 20. минута со гол на Фетаи Еркан, а по една минута игра Бакиевски Гезим зголеми на 0:2. Во 35. минута Фетаи со втор гол зголемина на 0:3. Убедливата игра на Башкими Љуботен продолжи и во вториот дел. Во 54. минута Муча Енис донесе водство од 0:4. Стоилковиќ Никола во 74. минута постигна гол и намали на 1:4. Авдулаи Бејтула во 83. минута ја погоди противничката мрежа за 1:5, а пет минути подоцна Марјановиќ Никица ги постави конечните 2:5.

Вчера во воведниот натпревар Волково со 2:1 славеше над Риниа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!