ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Илчо Ѓорѓиоски стартуваше со убедлива победа на клупата на Брегалница

Новиот шеф на стручниот штаб на Брегалница, Илчо Ѓорѓиоски стартуваше со победа на клупата на „сините“.

Во првиот подготвителен натпревар, а единствен пред заминувањето за Анталија, Брегалница денеска во Штип триумфираше против второлигашот Кит Го со убедливи, 3-0.

Првенец во дресот на „сините“ запиша Зоран Андонов кој овој зимски период пристигна токму од редовите на Кит Го, а останатите два гола беа дело на Марјан Алтипармаковски и Мартин Стојанов.

„Сините“ во Анталија заминуваат во недела, на 16. јануари, каде ќе бидат до 30. јануари, а за кој период предвидено е одигрување и на пет пријателски натпревари.

Од петте предвидени пријателски натпревари во Анталија, веќе се договорени противниците за три тест дуели. Првиот контролен натпревар ќе биде против рускиот Кубан Краснодар на 17. јануари. Вториот веќе договорен тест е против азербејџанскиот прволигаш Зира на 24. јануари, а третиот против казахстанскиот Аксу на 27. јануари.

По враќањето во Штип, генералката пред стартот на пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига ќе биде на 6. февруари во Штип против бугарскиот второлигаш Септември Симитли.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!