Европски ФудбалФудбал

Икарди е пик на Мурињо ако Џеко замине

Един Џеко се уште нема решено дали ќе остане во Рома, а дотогаш се шпекулира за потенцијални засилувања во нападот.

Римската „Република“ истакнува дека Жозе Мурињо активно го следи пазарот и дека има опција доколку искусниот голгетер реши да ја напушти „волчицата“ – во игра е Мауро Икарди.

Аргентинецот нема сигурно место во Пари Сен Жермен, а на Рома и помага и фактот што „светците“ мораат да продаваат играчи за да бидат финансиски стабилни по сите засилувања во последните неколку недели.

Рома го сака Икарди на позајмица со право на откуп од 40 милиони евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!