Европски ФудбалФудбал

Играч од Косово е најскапото засилување во историјата на Норич

Норич, повратник во англиската Премиер лига, го ангажираше Милот Рашица за рекордни 18 милиони евра.

Поранешното крило на Вердер Бремен, кој игра за репрезентацијата на Косово, го надмина досега најскапиот трансфер на „канаринците“ од 11 милиони.

24-годишниот фудбалерот роден во Вучитрн потпиша четиригодишен договор со Норич. Тој беше донесен како замена за Емилијан Буенди, откако Аргентинецот замина во Астон Вила.

Рашица израснал во Вучитрн, а пред Вердер беше член на Витесе. Минатата сезона тој забележа 24 натпревари, три гола и пет асистенции во германската Бундес лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!