ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Идризи ќе им суди на Охрид и Детонит Плачковица, Бартон патува во Гевгелија

Утре ќе биде комплетирано 6. коло од Втората македонска фудбалска лига со одигрување на двата заостанати натпревари.

На „Билјанини Извори“ силите ќе ги одмерат Охрид и Детонит Плачковица, во меч каде трите бодови ќе бидат императив и за двете екипи. Охриѓани атакуваат на три бода со цел да направат прогрес кон средишниот дел од табелата и со тоа да побегнат од долниот дел на табелата. Од друга страна, радовишани имаат силен мотив за нови три бода, откако „падна“ и Пелистер во Радовиш, сега Детонит Плачковица сака три бода со цел да се проби на третото место на табелата.

Правдата меѓу охриѓани и радовишани ќе ја дели Фуркан Идризи од Тетово, а ќе му помагаат Осман Зеќири од Кичево и Марио Мојсоски од Струга, додека пак за четврт судија е делегиран Бардхиљ Ибраими од Тетово.

Во Гевгелија ќе се судрат Кожуф и Караорман во меч каде двете екипи ги сакаат трите бодови за прогрес на табелата.

Главен судија во Гевгелија ќе биде Јосип Бартон од Скопје, а негови помошници ќе бидат Дарко Јовчевски и Идриз Идризи од Тетово. Четврт судија на мечот ќе биде Пларент Салихи, исто така од Тетово.

Со овие два натпревари ќе биде затворена шестата рунда од табелата и ќе имаме конечен изглед на табелата. Стартот во Охрид и Гевгелија е закажан во 14:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!