Ибраими: Се надевам дека среќата ќе ни се насмевне во следните натпревари и ќе им се вратиме на победите

Струга никако да победи во ПМФЛ, откако веќе петто коло по ред е без триумф. Лидерот заборави да победува, а последен пат славеше над 17. септември против Тиквеш (2:0) на домашен терен.
Вчера, стружани одиграа 1:1 против Работнички во Скопје, а најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ, како и најдобар стрелец во моментот во македонската фудбалска лига, Бесарт Ибраими се надева дека во следните натпревари ќе им се вратат на победите.
“Можам да кажам еден изедначен натпревар, така што конечниот епилог мислам дека е праведен. Тие имаа свои шанси, но и ние имавме свои шанси, особено кон крајот на вториот дел, сепак во тие моменти верувам дека и среќата не беше на наша страна. Се надевам дека среќата ќе ни се насмевне во следните натпревари и ќе им се вратиме на победите“, рече Ибраими.