ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ибраими: Сакаме победа против Скопје за 7 од 7

Непоразениот лидер Струга Трим Љум денес на домашен терен ќе го пречека составот на Скопје во рамки на 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Најдобриот стрелец моментално во лигата Бесарт Ибраими, вели дека Струга сака триумф и против Скопје за седум од седум.

„Не криеме дека како екипа сакаме да победиме, сакаме 7 од 7, но за да постигнеме такво нешто ќе мора да го дадеме максимумот и максимално да ја почитуваме екипата на Скопје“, вели искусниот Ибраими.

Натпреварот ќе започне во 16:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Димитар Пилешков од Штип.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!