Европски ФудбалФудбал

Ибрахимовиќ призна: Сакав да бидам како Марадона во Наполи, но на Милан му требаше помош

Златан Ибрахимовиќ наскоро ќе објави нова книга-биографија – „Адреналин“.

Култниот напаѓач за „Кориере дела сера“ раскажа за некои од настаните што ги опиша во книгата, а се однесуваат на последните години од неговата блескава кариера.

Асот на Милан призна дека во еден момент по одлуката да ја напушти Америка, од ЛА Галакси, бил на чекор од Наполи.

“Марадона е мит. Гледајќи документарец за него, решив да одам во Наполи, да работам како Диего, да го освојам скудето. Бев уморен од Америка, мислев дека ќе се пензионирам, а потоа ми кажа агентот Мино Рајола дека сум луд и дека морам да се вратам во Италија. Наполи го отпушти Карло Анчелоти токму тогаш го прашав Мино каде да одам… Милан потоа загуби 5-0 од Аталанта и јас пресеков. Си реков да одам во клуб што го знам исто како и градот, на Милан му требам“, изјави Ибрахимовиќ.

Златан зборуваше и за ривалите на теренот, а особено е интересен неговиот однос со Синиша Михајловиќ.

„Во една прилика Синиша ме провоцираше во текот на целиот натпревар на теренот, ми кажуваше страшни работи на српско-хрватски и на тоа паднав. Сега ми вика сине. Кога се разболе од истата болест како брат ми, се спакував се спакував и отидов во Болоња. Миха беше лошо момче на теренот, како и Михаел Балак, друг професионален провокатор, но тоа го направи за да им даде предност на своите соиграчи. Тој е човек надвор од теренот, пријател…“ открива Златан.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!