Европски ФудбалФудбал

Ибрахимовиќ: Меси е 10 пати поголем од ПСЖ!

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ на интересен начин го коментираше доаѓањето на Лионел Меси во Пари Сен Жермен.

Меси го зеде дресот со бројот 30, што го носеше на почетокот на кариерата, откако Нејмар одамна ја должеше „десетката“.

„Мислам дека тој ја направи вистинската работа со бирање на бројот на дресот. Покажа дека е три пати подобар од Нејмар. Пари Сен Жермен не потпиша со Меси, туку напротив, Лео потпиша за клубот“, алудираше Ибрахимовиќ дека Меси е над сите.

И додаде нов коментар во негов стил.

„Погледнете што постигна Меси во својата кариера. Можете ли да направите споредба ? Тој е десет пати поголем од ПСЖ“, изјави Ибрахимовиќ, вториот најдобар стрелец во историјата на Париз, зад Единсон Кавани.

Ибра играше за ПСЖ од 2012 до 2016 година, постигнувајќи 156 гола на 180 натпревари, со три титули шампион на Франција.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!