Европски ФудбалФудбал

Ибрахимовиќ го оперираше коленото, на фудбалските терени за два месеци

Златан Ибрахимовиќ беше опериран, а треба да се опорави за два месеци. Култниот шведски напаѓач вчера го оперираше повреденото колено во Рим, објави Милан.

Италијанските медиуми пренесуваат дека 39-годишниот фудбалер ќе се опорави од операцијата за четири недели и дека ќе може да започне со тренинзи после дополнителни четири недели. Тоа значи дека тој повторно ќе игра фудбал на крајот на август.

Во октомври ќе наполни 40 години и потпиша нов договор со Милан до јуни 2022 година. Минатата сезона запиша 27 натпревари, со 17 погодоци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!