Европски ФудбалФудбал

Иако остана без титула во Франција, Покетино потпипа нов договор со ПСЖ

Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино го продолжи договорот со Пари Сен Жермен до летото 2023 година.

Иако не успеа да ја освои титулата во Франција, како и во Лигата на шампионите, Покетино доби понуда за нов, подобар договор, што ја прифати.

Покетино ги освои Купот на Франција и Суперкупот, а спортскиот директор Леонардо реши да го поддржи без да го обвинува за неуспехот минатата сезона во која пристигна во јануари.

Да потсетиме, ПСЖ веќе ова лето страшно ги засили своите редови со доведување на Донарума, Серхио Рамос, Ашраф Хакими, Виналдум…

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!