Европски ФудбалФудбал

И Арсенал се вклучува во трката за потписот на напаѓачот на Салцбург

Неколку европски гиганти се во трка за потписот на младиот фудбалер на Салцбург, Карим Адејеми.

Засега Баерн, Барселона, Ливерпул и Пари Сен Жермен се обидуваат да го договорат трансферот на 19-годишникот. Покрај овие три клуба во битката за потписот на Адејеми влегува и Арсенал.

„Топџиите“ се подготвени да го ангажираат младиот фудбалер уште во јануари, но покрај Баерн, Барса, Ливерпул и ПСЖ тоа сигурно нема да биде лесно.

Австрискиот клуб не е подготвен да го продаде Адејеми за помалку од 21 милион евра, но и ќе се обиде да го задржи барем до летото, односно до крајот на сезоната. Од почетокот на сезоната Адејеми постигна 14 погодоци на 18 натпревари во сите натпреварувања.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!