ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Хусеин Демири е третото засилување за второлигашот Гостивар

Македонскиот второлигаш Гостивар го претстави своето трето засилување за пролетната полусезона во Втората лига – Запад.

Најново засилување е Хусеин Дерими кој ќе го засили нападот на Гостивар, а доаѓа од редовите на Тетекс.

26-годишникот во својата кариера покрај за „штофарите“ има настапувано и за Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Шкупи, Велазерими, Скопје, а има настапувано и во Косово и Финска.

Гостивар претходно ги промовираше Муарем Муарем од прволигашот Брегалница и Енис Дервиши од Воска Спорт.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!