ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Хрватскиот интернационалец Амир Кахримановиќ е најново засилување за Ренова

Прволигашот Ренова го промовираше хрватскиот интернационалец Амир Кахримановиќ како најново засилување.
>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<
22-годишникот игра на позицијата дефанзивен фудбалер за врска, а во Тетово доаѓа од редовите на Драва Птуј. Кахримановиќ ќе биде огромно засилување за „гипсарите“ во пролетната полусезона каде целта е да се обезбеди излез во Европа.
Ренова е осмиот клуб во кариерата на овој млад хрватски интернационалец, кој има настапувано за младинските категории на Динамо Загреб, Студенски Град, Сесвете, Дубрава, Дојчландсбг, Волфсберг и Драва.