Европски ФудбалФудбал

Хрватски репрезентативец е замената за Модриќ во Реал!

Ловро Мајер во летниот преоден рок го напушти Динамо и потпиша за Рен, а неколку месеци подоцна сака да го донесе Реал Мадрид.

Хрватскиот играч за врска Ловро Мајер (23) одигра само 12 натпревари за Рен, а веќе го привлече интересот на најголемите европски клубови. Последен на листата на заинтересирани е Реал Мадрид.

„Ел Национал“ наведува дека Мајер ги импресионирал скаутите на Реал кои го гледале и му ја пренел пораката на претседателот Перез дека Ловро може да биде наследник на Модриќ. Секако, тоа го заинтригира Перез кој реши да започне преговори со Рен.

Рен летово за услугите на Мајер на Динамо му плати 12 милиони евра, а неколку месеци подоцна можеше да заработи и многукратно повеќе. Според „Ел Национал“, Рен ќе бара околу 35 милиони евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!