ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Хрватот Живулиќ е првото засилување за Брегалница во зимскиот преоден рок!

Во насока на квалитетно дополнување на играчките редови за пролетниот дел од сезоната, Брегалница денеска го договори првото засилување за продолжението од шампионатот. Нов фудбалер на „сините“ е хрватскиот фудбалер Диего Живулиќ.

29-годишниот Живулиќ е фудбалер од средниот ред а во редовите на Брегалница доаѓа од унгарскиот Диошѓер, кој е негов последен клуб.

Живулиќ, кој потекнува од фудбалската школа на Ријека, е поранешен младински репрезентативец на Хрватска и зад себе веќе има богата играчка кариера. Покрај за Ријека има настапи и за Поморац во Хрватска, за Жлин и Викторија Плзен во Чешка, Пафос на Кипар и полскиот Сласк Вроцлав. Изминатата година настапуваше за унгарски Диошѓер од каде сега доаѓа во Брегалница.

>>> ПЛАТФОРМА ЗА ТУРИЗАМ КОТВА.МК – РЕЗЕРВИРАЈТЕ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<

„Со ангажманот на Илчо Ѓорѓиоски како нов шеф на стручниот штаб, и со доведувањето на квалитетно име во средниот ред како Живулиќ јасни се амбициите на Брегалница кои се активни од почетокот на сезоната за борба за едно од местата кои водат на европската сцена оваа сезона“ – истакна спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев по потпишувањето на договорот со Живулиќ, притоа дополнувајќи:

„Во преговори сме со уште две-три квалитетни имиња со што би се комплетирал играчкиот кадар за пролетниот дел“.

Брегалница утре заминува во Анталија каде ќе бидат реализирани главните подготовки пред продолжението од шампионатот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!