Христовски, Анѓелески и Масевски нови засилувања на Силекс

Кратовски Силекс дефинитивно е најактивен на трансфер пазарот од сите македонски екипи. Кратовци кои се повратници во фудбалската елита на Македонија се пофалија со нови три засилувања.
Во Кратово беа промовирани Гордијан Христовски и Дамјан Масевски кои во пакет пристигнаа од тетовски Тетекс, а пак Дарко Анѓелески доаѓа од редовите на прилепска Победа.
19-годишниот Христовски ја засилува левата бековска позиција на Силекс, а пак 21-годишниот Масевски кој зад себе има одлична сезона во Втора лига – Запад постигнувајќи повеќе од десетина погодоци во дресот на „штофарите“ ќе биде големо засилување за Силекс.
Во Кратово беше промовиран и 22-годишниот играч за врска Дарко Анѓелески, кој ја напушта Победа, која исто така обезбеди прволигашки статус.