ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Христов: Се уште сме мотивирани за прво место, Тиквеш може да се носи со секоја прволигашка екипа!

Второлигашот Тиквеш од Кавадарци есенскиот дел од сезоната во Втората лига – Исток го заврши на второто место на табелата со 35 бодови, седум помалку од лидерот на табелата Брегалница од Штип.

Спортска Мрежа разговараше со фудбалерот на Тиквеш, Симе Христов околу постигнатите резултати од есенскиот дел и не очекувано загубените бодови, како и за пролетните предизвици и бараж натпреварот за промоција во Прва лига.

„Делумно сум задоволен. Изгубивме неколку планирани бодови каде што не очекувавме, но тоа сè случува во фудбалот. Како и да е ние сме сеуште мотивирани и се може да се случи до крајот, има уште доста да се игра. Да, точно е, Тиквеш се подготвува за баражот. Ние на секој натпревар ќе одиме на победа, имаме прволигашки екипа, па доколку се укаже прилика зошто да не бидиме и први. А во врска со баражот, јас мислам дека Тиквеш може да се носи со секоја прволигашка екипа“, ни изјави Христов.

Претходно, претседателот на клубот, Миле Масларков изјави дека клубот се насочува кон баражот, но доколку има шанси за прво место, истото ќе биде нападнато.

Тиквеш пролетниот дел од сезоната ќе го стартува против Росоман, натпревар кој ќе се игра на реновираниот Градски стадион во Кавадарци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!