ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Христов: Сакав да имаме контрола на играта во Битола, тоа ни донесе триумф

Работнички оствари важен триумф (0-2) над Пелистер на стартот на вториот дел од сезоната. „Романтичарите“ во финишот го скрши отпорот на домаќинот со головите на Анес Рушевиќ и на Марјан Ристовски.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<

Тренерот Борче Христов е задоволен од стартната победа во шампионатот.

„Знаевме дека не очекува тежок натпревар и противник кој ќе стори се за да остане непоразен. Влеговме психолошки подготвени дека ќе ја бараме победата до последен момент. Сакав да имаме контрола на играта и успеавме во тоа. Како што одминуваше времето го зголемувавме притисокот кон голот на Пелистер и на таков начин и дојдовме до двата гола. Можам да бидам задоволен од прикажаното на пролетната премиера, но тоа веднаш го оставаме зад нас и се подготвуваме за следниот меч, в недела на домашен терен го пречекуваме Шкупи. Ќе биде тоа еден сосема поинаков натпревар“, вели шефот на стручниот штаб, Борче Христов.

>>> ГЛАСАЈТЕ ЗА СПОРТСКА МРЕЖА ЗА НАЈДОБАР СПОРТСКИ САЈТ НА ГОДИНАТА <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!