ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Христијан Пецов прво засилување за Македонија ЃП

Македонија Ѓорче Петров денес го претстави Христијан Пецов како прво летно засилување. 27-годишниот дефанзивец во Ѓорче доаѓа од прволигашот Скопје, а во својата кариера има настапувано и за Работнички.
„Лавовите“ веќе ги започнаа подготовките за настапите во Конференциската лига на УЕФА. До 19. јуни екипата на Бајрами ќе работи во Скопје, потоа ќе замина во Маврово на седумдневни припреми, а пак главната фаза ќе биде одработена во Банско, каде на бугарско тло македонскиот прволигаш ќе остане 14 дена.