ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Христијан Коцев трето зимско засилување за ГФК Осогово

Младиот, 20-годишен лев бек Христијан Коцев e третото засилување за второлигашот Осогово, кој во пролетниот дел од сезоната ќе го носи „сино-жолтиот“ дрес.
Коцев во Кочани доаѓа од редовите на второлигашот Кораб каде што беше еден од најдобрите и најстандарни фудбалери во есенскиот дел од Втората лига – Запад.
Својата младинска кариера Коцев ја градел во редовите на скопски Работнички, Македонија ЃП, Металург, Локомотива и Маџари Солидарност.
Осогово претходно се засили со голманот Матеј Андонов и Благој Истатов.
оментари