Хоризонт Турново има фантастични услови за тренинг, сопствена затворена сала со вештачка трева! (ФОТО + ВИДЕО)

Хоризонт Турново кој некогаш го гледавме во Првата македонска фудбалска лига, денес се натпреварува во Третата лига – Исток. Клубот од Турново има реални шанси за враќање во Втората лига – Исток, а со тек на времето и повторно да го гледаме во македонската фудбалска елита.
Клубот има одличен стадион кој ги исполнува условите за одигрување на натпревари од Првата лига, а во рамки на комплексот „Кукуш“ е и новата затворена сала со вештачка трева во сопственост на клубот каде екипата се подготвува за пролетните предизвици во Третата лига – Исток. Услови за кои можат да позавидат и прволигашките екипи. Кога темепратурите надвор се ниски, а терените покриени со снежна покривка, турновци немаат проблем за тренинзи и подготовки за пролетната полусезона.
Веќе во среда, Хоризонт Турново ќе одигра контролен натпревар со струмичкиот прволигаш Беласица, а во сабота (20. февруари) во Виница ќе се соочи со второлигашот Слога.
Пролетниот дел Хоризонт Турново го отвара на домашен терен против Раклиш од Радовиш, во натпревар каде турновци ќе важат за големи фаворити за победа.