ФудбалФудбал - Прва женска лига

Хорелиа Сореле: Фудбалот отсекогаш сум го сакала, женскиот фудбал во Македонија е на високо ниво, со ЖФК Љуботен посакувам да ги оствариме нашите цели!

Последно капитално засилување за ЖФК Љуботен е камерунската интернационалка Меитефанг Тагне Хорелиа Сореле која ги засилува дефанзивните линии на клубот од Тетово. Спортска Мрежа направи интервју со камерунската интернационалка со која разговаравме за нејзните почетоци во фудбалот, за женскиот фудбал во Македонија, за трансферот со Љуботен…

„Фудбалот е спорт што отсекогаш сум го сакала. Првиот клуб за кој што играв е Интер Спорт во втората лига во Камерун. Јас го познавам женското фудбалско првенство во Македонија кое е на многу високо ниво и натпреварувањето е многу добро организирано. Македонскиот женски фудбал го знам од гледање на видеа, на тој начин познавам некои играчи, но не и нивните имиња“, вели камерунската фудбалерка.

„Знам дека сум првата камерунска фудбалерка што ќе игра во Македонија. Во новиот клуб посакувам сите заедно да работиме и да ја постигнеме нашата цел. За Македонија знам дека е многу убава земја и многу други работи, како валутата што треба да се користи…“, додава камерунската интернационалка.

„Главната улога во трансферот ја имаше Небојша Бреѓан, спортскиот директор на ЖФК Љуботен. Тој виде некои од моите видеа и ме контактираше. По кратки преговори ги воочивме амбициите како моите така и на клубот и многу лесно постигнавме договор на наше заедничко задоволство“, завршува Хорелиа Сореле.

ЖФК Љуботен досега се засили со двете бразилки Ана Беатриз Тарантино – Роналдиња и Таила Фариас, на голманската позиција се засили со репрезентативката Магдалена Лекоска и ја врати Сања Митреска – Сани од АС Јунајтед од Струга.

Со вакви засилувања клубот ќе има сигурен опстанок во Првата женска фудбалска лига, што е нивна прва амбиција и паралелно да атакуваат на Куп-титулата, што го потврди Драгољуб Јовановски потпретседателот на ЖФК Љуботен во интервју за Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!