ФудбалФутсал

Хоби лигата почнува на 19. април: Легендарните „Грамоси“ пак ќе везат

Фудбалската Хоби лига ќе стартува на 19.април, пополнет е бројот на екипите во Лига А и во Лига Б, а на денешната прес – конференција организирана според сите протоколи во хотел „Парк“ во Скопје извршена е и ждрепка.

По 16 екипи ќе се натпреваруваат во Лига А во ОУ „Димитар Миладинов“ и во Лига Б во ОУ „Георги Димитров“. Поради интензитетот на пандемијата, а во согласност со екипите, стартот на натпреварувањето е пролонгиран за три седмици и ќе започне на 19. април.

Фантастични тимови ќе се натпреваруваат во новото издание на Хоби лигата. Легендарните „Грамоси“, потоа Серава, секогаш интересните Алкохол Јунајтед, а екипи имаат и ЈП Комунална Хигиена, Општина Чаир…
Во тек е пријавување и за Лигата Ц која ќе брои десет екипи. Повеќе информации на www.hobiliga.mk

ЛИГА А
Јанта Волеј Драчево
Алкохол Јунајтед
Аматери
Гостилница Дома
Грамоси-Градска Меана
Дака Македонија
Дентал Имплант Солушн
Евротип
Зиаја
Кисела Вода
Нонејм
Реума
Светлост Куманово
Серава
Сервис Милошевски
Сопро

ЛИГА Б
ЈП Комунална Хигиена
Џовинаци
Алекс
Аполо
Батинца
Гиго Трејд
Голден Кар
Грин Мобајл
Ди-Ев
Иглс
Компанија Атанасовски
Линкс
Општина Чаир
Паркленд
Слобода
Балкан


Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!