Европски ФудбалФудбал

Хетафе и Гранада во трка по потписот на Столе Димитриевски

Столе Димитриевски имаше одлични настапи на Европското првенство во дресот на македонската репрезентација. Ваквите настапи предизвикаа голем интерес кај шпанските прволигаши Хетафе и Гранада кој започнуваат трка за потписот на македонскиот репрезентативен голман.

Димитриевски со Рајо Ваљекано се врати во шпанската елита, а 27-годишниот чувар на мрежата многу веројатно следната сезона ќе го гледаме во нов клуб.

Гранада е позната за Димитриевски, кој од Работнички се пресели токму овде, но не се наметна, па замина во Кадис и Гимнастик Тарагона од каде замина во Рајо Ваљекано.

Освен Гранада, за услугите на Македонецот заинтересиран е и Хетафе, кој го сака Столе во своите редови за новата сезона од Ла Лига.

Во групната фаза на Европското првенство Димитриевски забележа 14 успешни интервенции, а поуспешен од него беше само голманот на Финска, Лукас Храдецки со четири интервенции повеќе.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!