Херојска победа на Детонит над Брегалница среде Делчево со играч помалку, радовишани блиску до враќање во Втора лига

Херојска победа за Детонит кој ја доби директната дерби пресметка со Брегалница среде Делчево откако со 0:2 беше подобар противник во битката за првото место и влез во Втората лига – Исток. Големата победа на радовишани добива на тежина бидејќи натпреварот го одиграа со играч помалку.
Во првиот дел од натпреварот мрежите и на двете страни мируваа. На стартот од второто полувреме Детонит стигна до водство од 0:1 откако Рунчевски Емил ја стреле мрежата на Атанасовски во 49. минута од натпреварот. Пет минути подоцна Левков Петар заработи втор жолт картон и беше исклучен поради намерна игра со рака.
Брегалница на теренот беше со играч повеќе, но тоа не донесе никакви промени за домашната екипа. Во 66. минута судијата Арсов покажа на белата точка за Детонит, одговорноста ја презеде Спасов Зоран која успешно реализираше за 0:2. До крајот на натпреварот Брегалница се обидуваше најпрво да ја намали резултатската предност и да се врати во игра барем за реми, но Детонит мудро го чуваше водството до самиот финиш и резултатот од 66. минута стана конечен.
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ
Радовишани дома се враќаат со три многу значајни бодови со што остануваат осамени на врвот во Третата лига – Исток и се на добар пат да се вратат во второлигашкото друштво. Следното коло Детонит на домашен терен игра дерби со Овче Поле, додека Брегалница гостува на „Кукуш“ каде ја очекува повторно тежок натпревар.
Еден Коментар