ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Херера: Никој не смее да ја потценува Победа, мора да одиграме максимално ако сакаме успех

Фудбалерите на Брегалница денеска од 16 часот во Прилеп ги очекува гостувањето против Победа во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Избраниците на Илчо Ѓорѓиоски се пред шестиот натпревар сезонава и во обид за четврта победа иако се повеќе од свесни дека ги очекува тежок натпревар. Победа на стартот од сезоната има резултати кои не кореспондираат со квалитетот на екипата. Јасно е дека прилепчани против Брегалница ќе сакаат триумф на домашен терен.

Засилувањето Себастијан Херара по двата натпревари за „сините“ силно верува дека тимот повторно ќе го даде максимумот за позитивен резултат.

„Игравме добро на изминатите натпревари и тие победи сигурно ни се силен мотив за да продолжиме во ист стил. Секако сега ќе биде еден поразличен натпревар на гостински терен, во однос на оние пред нашата публика. Никој не смее да ја потценува Победа која има квалитетен тим и сигурно заслужува многу повеќе бодови на стартот од сезоната. Но, ние ќе го дадеме максимумот за нова радост на нашите навивачи“ – вели Херера.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!